Од Центарот за управување со кризи денеска информираат дека во февруари заклучно со вчерашниот ден низ земјава имало вкупно 448 пожари на отворен простор.

Како што посочуваат, од вкупниот број на пожари, во 256 случаи гореле стрништа и висока трева, во 128 пожари ниска вегетација (грмушки, ниска и деградирана вегетација) и 42 биле шумски пожари. Во февруари имало и 22 пожари во депонии.

Од ЦУК соопштуваат дека состојбата е слична и во соседна Србија каде, како што велат, има невообичаено голем број на пожари на отворено за овој период од годината



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2024 22:19