Под мотото „Освежи го својот дом“ на 20 март во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе почне годинашниов Саем на мебел. Ќе се претстават над 70 истакнати домашни и интернационални брендови.

Саемот на мебел ќе се одржува пет дена, до 24 март. Сите посетители ќе имаат можност да ги слушнат најдобрите совети и да ги изберат најуникатните парчиња мебел за освежување на нивниот дом.

Освен широка лепеза на парчиња мебел, на Саемот ќе бидат споделени уникатни и корисни совети за уредување, идеи за несекојдневни бои, насоки за одржливи материјали... Ќе следуваат големи саемски попусти.

Минатото издание на Саем на мебел пречека над 15.000 посетители.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2024 20:18