Пензионерите од Штип, кои протестираат за линеарно зголемување на пензиите од денеска повторно ги реактивираат протестите на штипскиот плоштад „Слобода“. Новиот претседател на Иницијативниот одбор (ИО), Трајче Митев вели дека нивните барања остануваат исти како и во претходниот период, односно стои барањето за линеарно покачување на пензиите и усогалсување на минималната пензија. Пензионерите се децидни дека нема да се откажат од барањата се додека истите не бидат исполнети.

-Остануваме на нашите барања за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари и да се донесе Закон за понатаму пензиите да се распределуваат линеарно. И трето 18. 000 денари како најмала пензија и четврто партиципацијата на пензионерите треба да се укине во еден дел. Тоа се нашите заложби и секојпат ќе ги бараме. Нема да се откажеме бидејќи пари има, туку недостасува волја на партиите, вели Митев.

Пензионерите со низа прашања до надлежните институции, зошто расте процентот на пензионери кои имаат минимална пензија. Велат дека на ваков начин и со минимална пензија не може да се преживее месецот.

-Која е причината за вашата политика поради која процентот на пензионери со минимална пензија од околу 7% во 2018 година да порасне на околу 29% во 2023 година и какви мерки преземавте? Во однос на минималната пензија не е преземено ништо, вели Митев.

Тој повика на масовност, бидејќи како што истакна колку повеќе пензионери излезат на протести, толку се поголеми шансите да се слушнат и исполнат пензионерските барања



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2024 19:33