Утре ќе има локални врнежи од дожд, а во текот на ноќта и во петок врнежи од дожд ќе има на повеќе места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови (над 20 л/м2).

Според прогнозите на Управата за хидометеоролошки работи, утре ќе дува засилен, а во петок повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец. За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

Времето денеска променливо облачно и релативно топло. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.

Времето во Скопје облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 18 степени.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2024 21:32