Во текот на денот ќе се санира кружниот тек во Дебар Маало на улица „Орце Николов“, поради тоа од 8:00 до 15:00 часот ќе има времен режим на сообраќајот.

Како што информира Општина Центар, сообраќајот ќе се одвива од улица „Коле Неделковски“ до улица „Ленинова“ во една насока.

Општина Центар апелира сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да се прилагодат на времениот сообраќај во текот на утрешниот ден.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2024 03:43