Десет модни креациии од кои oсум вечерни тоалети и два модни свечени комлети, како и секојдневни комплети кои ги изработија учесниците и самите ги носеа беа претставени синоќа во фоајето на Велешкиот театар пред бројната публика на модната ревија којашто беше завршен настан на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ . Свечените 10 ексклузиви модни креации потоа беа понудени на тивка аукција, а ги изработија велешките средношколкци кои се обучуваа во рамките на овој проект во изминатите шест месеци. Се обучија вкупно 62 средношколци од кои 30 за моден дизајн и 30 за декоративен дизајн, а нивната обука е веќе сертифицирана од Центарот за образование за возрасни. Деновиве треба да добијат серификат и од Министерството за образование, а со кој по завршување на училиштето можат и самите да отворат сопствен бизнис за моден и декоративен дизајн во земјава и странство.
Убавка Јаневска од Фондацијата Фокус која го реализира проектот на синоќешната свеченост потенцира дека тие се прва генерација на обучени млади од овие профили во Велес и земјава, а кои се барани во светот и дека пред нив е светла иднина,воедно најави обуката да продолжи и за други генерации. Меѓу тие што добија благодарница за подршка е и Медиумската Информативна Агенција МИА, за повеќе написи и популаризација на овој проект за млади подржан од ЕУ, UNDP и Општина Велес во соработка со четирите средни велешки училишта.
Таа потсети дека од септември, средношколците посетиле 16 обуки на коишто најпрво го совладале теоретскиот дел, а потоа во декоративен дизајн имале можност и да изработуваат скици, цртежи за внатрешен интериер, за изработка на предмети од дрво и слично, додека во модата имале шанса да започнат од технички да завршат до цртеж за модел.
-Учениците посетуваа и практичната работа за којашто сме презадоволни. Средношколците од Моден дизајн заедно со модниот дизајнер Катерина Чукниева и обучувачката м-р Соња Пљакова ги подготвија десетте модели коишто вечерва беа прикажани на модната ревија. Декоративците кои заедно со обучувачката дипл. инг архитект Цветанка Саздова, за жал немаа шанса да ги изработат предметите, но тоа не значи дека ќе застанеме тука, ние како проектен тим и понатаму сме спремни да ги исполниме дел од желбите на учесниците.Тоа ќе го направиме многу скоро за да оставиме едно трајно одбележје во градот дека оваа прва генерација на средношколци од Велес освен во модниот покажа исклучителни резултати и во декоративниот дизајн, најави Јаневска.
Воедно додава дека останува да верифицира просторот во коишто овие обуки ќе се одржуваат и понатаму за да можат да произведуваат нови генерации на млади и возрасни граѓани коишто ќе се пронајдат и гледаат шанса во овие два бизниси
Проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондација „Фокус“ во изминатите девет месеци се спроведуваше во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2-ReLOaD 2, финансирана од ЕУ и имплементирана преку Програмата за развој на Обидентите нации UNDP. Проектот е кофинансиран и од Општина Велес