Водата во Скопје е безбедна за пиење. Ова го покажа последното мерење на квалитетот на водата за пиење, добиено од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, од 26 февруари до 1 март годинава.
Испитувањето е извршено на 188 примероци за физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Градот Скопје.
- Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), известуваат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.