Општина Илинден продолжува со реконструкција на неколку улици на нејзина територија, со цел подобрување на патна инфраструктура. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, деновиве започна реконструкција и санација на две улици во населено место Текија.

Станува збор за реконструкција на улицата кај подрачното основно училиште, како и реконструкција и санација на улица „1“ кои вкупно зафаќаат површина од околу 700 м2.

Денека увид на терен изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека овие улици ќе бидат асфалтирани, а во наредниот период ќе се работи и на останатите. Жителите и од населеното место Текија ќе добијат подобрена патна инфраструктура со цел подобар и поквалитетен начин на живот.

Средствата за реализација на овие активности се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2024 14:32