Швајцарското сирење има цврста, тврда маса, сладок вкус, а многу малку сол во споредба со другите сирења... Но, се чини, најпознато е по своите дупчиња.
Марк Џонсон од Центарот за истражување млечни производи при Универзитетот на Висконсин во САД, потсети дека ова сирење првпат е направено во 14. век, на Алпите во Швајцарија.
- Тоа е тврдо сирење со долг рок на траење и лесно можело да се пренесува по планините каде што се произведувало. Сепак, денес, називот „швајцарско сирење“ не се однесува на тоа од каде доаѓа сирењето, туку на видот - на тоа како се произведува сирењето, објасни д-р Џонсон.
Производителите на ова посебно сирење ја користат бактеријата „Propionibacterium shermanii“. Таа ја ферментира млечната киселина, произведувајќи јаглерод-диоксид, којшто на одредени делови се собира и создава големи меурчиња. Така настануваат дупките.
- Швајцарското сирење без дупки се нарекува „слеп Швајцарец“, и тоа се смета за недостаток. Ако видите сирење означено како „швајцарско“, а нема дупки, тоа не е вистинско швајцарско сирење и нема да го има вкусот или текстурата што ја барате, нагласи стручњакот.
Според него, ниту едно друго сирење не ја користи таа техника, освен швајцарското сирење и неговите специфични брендови