Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од општините Карпош, Петровец, Ѓорче Петров и Чучер Сандево.

-Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од Горно Нерези во општина Карпош, од 08:30 до 14:30 часот корисниците од селата Тогинци, Катлановско Блаце, Кожле и Бадар во Катланово, општина Петровец, од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците од ул.„Тодор Ципоски Мерџан“ во општина Ѓорче Петров, а во периодот од 12:00 до 16:00 часот корисниците од селата Горњани и викендиците од Горњане во општина Чучер Сандево, соопшти РЦУК Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2024 23:14