Новоизбраните судии Емине Мурати на Апелационен суд Гостивар и Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев на Апелационен суд Штип денеска во Судскиот совет дадоа свечени изјави.
Судијката Емине Мурати беше избрана за судија од кривична област во Апелационен суд Гостивар на седницата на Советот одржана на 12 февруари.
Судиите Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев беа избрани за судии во Апелациониот суд во Штип на итната седница на Судски совет што се одржа утредента, на 13 февруари.