Денеска (06.03.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја посети Полициската станица за граничен надзор Чашка, која е надлежна за надзор на дел од нашата северна граница кон Косово, каде одржа работен состанок со командирот и другиот раководен кадар на оваа станица.

Од страна на раководството на ПС за ГН Чашка министерот беше запознаен со нивната работа и структура, при што му беа посочени и голем број на проблеми со кои секојдневно се соочуваат, поради кои се спречени соодветно да го извршуваат обезбедувањето на граничната линија во должина од 22км за која се надлежни. Во тој контекст, особено загрижува фактот што специјалната камера која е од големо значење за превенција и спречување на илегални преминувања, шверц и други криминални дејствија преку граничната линија е нефункционална повеќе години.

Министерот Тошковски констатираше дека оваа полициска станица се соочува со сериозен недостаток на човечки ресурси и материјално-технички средства неопходни за квалитетен надзор на граничната линија која ја покрива, со што практично се доведува во прашање функционалноста на полициската станица, а со тоа и безбедноста на државната граница.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2024 16:12