Традиционалното одбележување на празникот „Тодорица“ во градот Свети Николе, ќе се одржи на 23 март. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев денеска изјави дека општината очекува посета од иселениците, соседните општини па и соседните држави. Низа настани се предвидени за тој ден, одржување на културно уметнички фестивал, играње на најдолгото оро на плоштадот, неколку часовен концерт од Караванот „Македонија“ , а посетителите ќе имаат можност да го посетат и панаѓурот, кој ќе биде поставен близу спортската сала во Свети Николе.

- Оваа година се надеваме дека времето ќе биде добро, од почеток се одржува фестивал за културно уметнички друштва од државата и странство, ќе го имаме најдолгото оро на плоштадот, фестивалот ќе биде од натпреварувачки карактер со настапување на голема бина. Општина Свети Николе го ангажира караванот „Македонија“, кој што ќе одржи неколку часовен концерт, и традиционална посета на панаѓурот кој ќе биде поставен околу спортската сала, вели Владев.

Од Општина Свети Николе ветуваат добра забава и убава дружба за сите посетители. Инаку, Тодорица е православен христијански празник кој се слави во првата сабота од велигденските пости, осносно првата сабота по Прочка.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2024 00:10