По завршување на изградбата на кејот на реката Вардар од десната страна, на потегот од Новиот мост „Гемиџии“ до Мало мовче, Општина Велес годинава ќе продолжи со изградба на кејот до Стар мост.

Како што најавија од Општина Велес, со ова целосно ќе се уреди кејот на овој дел од градот за уште 250 метри и со тоа граѓаните ќе имаат можност за одмор и релаксација на современ и модерен јавен простор.

Градежните работи на десната страна на Вардар од Новиот мост „Гемиџии“ до Мало Мовче во должина од 200 метри завршија на почетокот на јануари годинава. Изградбата на кејот на реката Вардар од десната страна во првите 200 метри беше дел од проектот „Креативни можности во туризмот“ финансиран со средства од ЕУ преку проект за прекугранична соработка.

Во рамки на овој проект наскоро треба да се постават и клупи и друга урбана опрема на кејот, како и киосци за продажба на сувенири од Велес.

Кејот од левата страна на Вардар во Велес беше изграден уште пред 20 -тина години.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2024 00:15