Поддршка од Сојузна Република Германија со вкупна вредност од околу 210.000 евра и полициска опрема е набавена за граничната полиција - пет патролни возила, еден минибус и уреди за проверка на документи. Освен тоа, во Центарот за обука на МВР во Идризово со нов мебел и техника се опремени две училници за обуки.

Како што информира МВР, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер му ја предаде опремата на Министерство за внатрешни работи, претставувано од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски. Официјалната церемонија за примопредавање на опремата се спроведе во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Пред одржувањето на церемонијата, се реализираше и билатерална средба меѓу амбасадорката Дрекслер и директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски.

На средбата, како што се наведува, беше разговарано за одличната оперативна соработка меѓу полициите на двете земји, што се спроведува меѓу соодветните служби во рамки на Бирото за јавна безбедност и Канцеларијата за врски на германската Сојузна полиција во рамки на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, како и за намерата за продолжување на поддршката од германска страна за Министерството за внатрешни работи во иднина.

- Од 2020 година германската Сојузната полиција ги поддржува колегите од Република Северна Македонија со полициска опрема и тоа со вкупна вредност од преку два милиони евра. Помошта во вид на опрема се реализира преку Канцеларијата за врски на германската Сојузната полиција во Скопје и со тоа се нуди поддршка на Гранична полиција на Република Северна Македонија уште поефикасно да се справи со предизвиците при сузбивањето на прекуграничниот криминал, стои во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2024 04:03