Тренерот на мадридски Реал, Карло Анчелоти, изјави денеска оти не постои голема разлика во квалитетот меѓу водечкиот стрелец на Кралскиот клуб, Џад Белингем и легендарниот Бразилец Кака

Белингем во првата сезона од соработката со Анчелоти постигна вкупно 20 голови, додавајќи и сум асистенции, на 30 натпревари и многумина го споредуваат со легендарниот Кака.

„Да, слични се. Мислам дека нема многу разлика“, рече Анчелоти за Скај Италија.

Кака постигна 104 голови на 307 натпревари во дресот на Милан и ја освои Златната топка и титулата во Италија. За време на соработката со Анчелоти во италијанскиот тим, Кака одигра 270 голови на кои постигна 95 голови



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2024 04:09