Црвена звезда ја оствари првата победа во новиот формат на Лигата на шампионите откако многу решително и заслужено го совлада Штутгарт со 5:1 во Белград.
„Црвено-белите“ досега немаа освоено ниту еден бод на турнирот и изгледаа дека повторно ќе загубат откако заостануваа во петтата минута по голот на Ермедин Демировиќ.
Сепак, Звезда уште пред паузата направи целосен пресврт по головите на Силас Вамангитука (12') и Раде Круниќ (31').
Во вториот дел одбраната на гостите продолжи да игра многу слабо, а српскиот тим го докрајчи Штутгарт со уште три гола, кои ги постигнаа Мирко Иваниќ (65') и Немања Радониќ (69', 88').