Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги разјасни своите коментари по ремито 3-3 со холандски Феенорд во Лигата на шампионите и рече дека не сакал да ги омаловажува проблемите со самоповредување.

Гвардиола пред медиумите се појави со исеченица на носот и гребаници на главата, а на прашањето за неговиот изглед, тој со насмевка одговори: „сакам да се повредувам“.

Неколку часа подоцна, шпанскиот стручњак го искористи својот профил на социјалната платформа Инстаграм за да објави изјава.

„Синоќа на крајот на прес-конференцијата ме фати неподготвен прашањето за гребнатинка што се појави на моето лице и ја објаснив како остар нокт што случајно ја предизвика“, напиша Пеп Гвардиола и додаде: „Со мојот одговор во никој случај немав намера да минимизирам многу сериозна тема како што е самоповредувањето. Знам дека многу луѓе се борат со проблеми со менталното здравје секој ден и би сакал да го искористам овој момент за да истакнам еден од начините на кои луѓето можат да бараат помош со јавување на телефонската линија“.

Сити ја прекина серијата порази со реми против Феенорд, но прими три гола во последните 15 минути од натпреваро



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2024 02:31