Почна да се гради нов Дневен центар за лица со попреченост од различни возрасти во Кавадарци, инвестиција од четириесетина милиони денари.

- После 19 години од отворањето на постоечкиот дневен центар во општината, ќе се добие нов и современ центар за лицата со попреченост, со многу подобри услови за престој за нив, рече министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, кој денеска беше во работна посета на Кавадарци.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека Општината го направила проектот пред три години, заедно со Министерството за труд и социјална политика, дека целта е максимално да се посвети внимание на сите лица со попреченост и да се постигне максимумот од нивните можности. Локалната самоуправа партиципирала со десетина проценти во делот на изградбата.

Задоволство изразија и родители на деца со посебни потреби. Тие рекоа дека нивните деца и досега биле згрижени и среќни во постоечкиот центар, но овде ќе биде подобро бидејќи ќе имаат повеќе простор, ќе има нови методи на работа со нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2024 17:36