Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 14 степени.
Следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст.
Нестабилно време со нови поинтензивни врнежи проследени со грмежи се очекува во почетокот на следната седмица