Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) по седми пат го распиша конкурсот за доделување на „Награди за новинари кои ги гледаат невидливите“. Станува збор за доделување на наградите за новинарство „одоздола“, односно награди за новинари кои работат на општествени теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи. Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија.
За учество испратете ни новинарско дело, кое ги исполнува следните критериуми: Новинарското дело треба да е објавенo во периодот 20 март 2023 – 20 март 2024 година. Објавата може да биде на радио, телевизија, печатен или онлајн медиум. Медиумот може да работи на национало, регионално или локално ниво. Дозволени се сите традиционални и нови формати на објави, вклучително и подкасти и фотографии/фоторепортажи.
Објавата мора да е поврзана со сиромаштија или социјалната исклученост и да се однесува на ситуацијата и луѓето во Македонија.
Еден новинар може да пријави само едно дело. Може да бидат пријавени повеќе дела од иста редакција, но од различни новинари.
Доделените награди, нема да бидат во пари и ќе имаат симболичен карактер.
Краен рок за доставување на сториите е 20.03.2024 година.
За учество ви е потребна апликацијата која може да се пополни на линкот https://shorturl.at/puzLW. Сториите може да бидат испратени на е-маил mppsmk@gmail.com, во оргинален формат или само линкот на медиумот каде што се објавени, а на истиот маил може да добиете и повеќе информации.
Наградите имаат за цел промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, поддржуваат известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразуваат поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните кои вообичаено не ги гледаме и слушаме. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам.
Билјана Дуковска
Претседателка на МППС