Учениците од велешките основни и средни училишта заедно со своите наставници со рачни изработки на честитки, подароци и цвеќе се приклучија кон чествување на 8 Март - празникот на жената. Хуманитарните базари беа изложени вчера и денеска пред училиштата и на велешките улици, а собраните средства ќе бидат искористени во хуманитарни цели, информираат од Општина Велес.

Од Хемиското училиште ССОУ „Димитрија Чуповски “ за МИА, велат дека целта на овие хуманитарни базари со рачни изработки е да ги поттикнат учениците на креативност и воедно кај нив да ја побудат хуманоста.

Инаку , Општина Велес со давање на тезги под наем веќе трет ден организира продажни базарипо повод 8 Март на две локации во градот: во Младинскиот парк и во центарот на градот на платото пред судот, каде се продаваат подароци, украси, а најмногу цвеќе.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2024 00:58