Претседателот на Меѓународната атлетска федерација, легендарниот Британец Себастијан Коу, е именуван за претседател на работна група која ќе биде задолжена за изградба на нов стадион на Манчестер јунајтед или реконструкција на постојниот „Олд Трафорд“, соопшти денеска клубот.
Одлуката за формирање работна група за реконструкција на „Олд Трафорд“ или изградба на нов стадион е донесена краток период откако британскиот милијардер Џим Ретклиф го презеде сопственичкиот удел во клубот.
Легендарниот британски атлетичар на средни патеки, Коу, е на чело на светската атлетика од 2015 година, а беше и претседател на Организацискиот комитет на Олимписките игри 2012 во Лондон, како и претседател на британскиот олимписки Комитет од 2012 до 2016 година.
Од Манчестер јунајтед објавија дека нема да се селат од „Олд Трафорд“, наведувајќи дека ќе останат вкоренети во својот историски дом.
„Олд Трафорд“ е изграден во февруари 1910 година и оттогаш е дом на Манчестер јунајтед.
Последен пат беше реновиран во 2006