Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави денеска дека од првите 100 натпревари на клупата на премиерлигашот од „Олд Трафорд“ би извојувал 75 победи, доколку не беше соочен со многу повредени играчи.

Тен Хаг ја одработува втората сезона на клупата на Јунјатед и се наоѓа под силен притисок поради слабите резултати, откако неговата екипа е шестопласирана на табелата со 44 бодови, 19 помалку од лидерот Ливерпул.

Холандскиот стратег изминатиот викенд по јубилеен 100 пат го предводеше Јунајтед, забележувајќи пораз во градското дерби од Манчестер сити (1-3).

Откако отсуствуваа од теренот поради повреди, во составот на Јунјатед ќе се вратат Маркус Рашфорд и Џони Еванс, но на списокот повредени се приклучи Омари Форсон.

„Тоа е добра вест. Рашфорд и Еванс закрепнаа по дербито и ќе ни бидат на располагање. Останатото е исто, освен што отпадна од комбинација Омари Форсон. Мислам дека наскоро ќе ни се вратицМејсон Маунт, а за следната недела се надевам дека ќе ги имаме на располагање Хари Мегваер, Арон Ван – Бисака и Расмус Хојлунд“ наведе Тен Хаг.

Јунајтед идниот викенд ќе игра против Ливерпул во четвртфиналето во ФА купот и тоа ќе биде последната шанса за тимот на Тен Хаг да остане оваа сезона во битка за трофеј.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2024 04:56