Четвртиот светски рекет, казахстанската тенисерка Елена Рибакина се повлече од турнирот во Индијан Велс (САД) поради здравствени проблеми.

Рибакина преку социјалните мрежи им се заблагодари на фановите за поддршката.

- Би сакала да им се заблагодарам на сите навивачи кои дојдоа да ме поддржат и тажна сум што нема да имаат можност да ме видат како играм оваа година. Сега ќе одморам и ќе се опоравам за да можам да излезам на теренот и повторно да играм, напиша Рибакина на социјалните мрежи.

Оваа сезона 24-годишната тенисерка ја освои титулата на турнирите во Бризбејн (Австралија) и Абу Даби (ОАЕ).



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2024 20:00