Тренерот на Наполи, Франческо Калцона, нема забелешки за неговите фудбалери и покрај ремито со Торино (1:1) синоќа во натпреварот од 28. коло на италијанското првенство.

-Штета што одигравме само нерешено, но јас сум задоволен од играта. Ако секогаш играме вака, ќе стигнеме далеку, изјави Калцона за официјалниот сајт на Наполи.

Калцона го презеде актуелниот италијански шампион во февруари оваа година. Тој на тренерската позиција го наследи Валтер Мацари кој доби отказ поради слаби резултати.

По 24 кола Наполи е на седмото место во Серија А со 44 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2024 20:02