Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер верува дека Фил Фоден ќе биде играч на сезоната во англиската Премиер лига.

- Доколку Ливерпул ја освои титулата, ќе биде послатко за Ван Дијк со оглед на тоа низ што помина откако ја освои титулата во 2020 година. Ако Арсенал го освои златото, трансферот на Рајс ќе се смета за еден од најважните во историјата на клубот - последното парче во сложувалката што го претвори тимот со потенцијал во шампион. Но, ако Сити победи четврти пат по ред, тоа ќе биде сезона во која, по долгото отсуство на Де Бруин, Фоден доаѓа до израз. Доколку би с еобложувал, би ги ставил парите на Фоден дека ќе биде играч на сезоната, напиша поранешниот дефанзивец на Ливерпул во колумна за Телеграф.

Дваесет и тригодишниот Фил Фоден потекнува од школата на Манчестер сити и осма година е дел од „граѓаните“. Сезонава во неколку наврати доби комплименти од тренерот Јосеп Гвардиола за прикажаните игри.

По 27 кола Сити е втор на табелата со 62 бода, еден помалку од лидерот Ливерпул.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2024 20:05