Барселона е заинтересирана за фудбалерот на Баерн Минхен, Ерик-Максим Чупо-Мотинг, пренесува „Sport.es“.
Каталонците имаат намера да го добијат Чупо-Мотинг како слободен играч. Договорот на 34-годишниот Камерунец со Баварците истекува по завршување на тековната сезона.
За Чупо-Мотинг се заинтересирани и екипи од англиската Премиер лигата, италијанската Серија А и Саудиска Арабија.
Сезонава Камерунецот одигра 27 натпревари, постигна три гола и беше творец на една асистенција.