Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за односот на луѓето кон Винисиус Јуниор.
- Па, темата е Винисиус. Копав малку подлабоко во историјата и статистиката и не најдов играч кој бил толку прогонуван како Винисиус, шутнат, исвиркуван, навредуван. Постигнува голови и дели асистенции. И дали да разговарам со него за неговото однесување? Не. Мислам дека секој треба да го смени односот кон него. Луѓето забораваат, а јас не. На мечот со Рајо Ваљекано, противникот му зададе карате удар и не доби ниту опомена, а сега сите бараат црвен картон за Винисиус за туркањето на натпреварот против Лајпциг, изјави Анчелоти.
Винисиус е во Реал Мадрид од 2018 година. Тој потекнува од фудбалската школа на Фламенго.
Бразилецот е еден од најдобрите играчи на Реал и многу важна алка во нападот на „кралскиот клуб“.