Натпреварот против Мајорка одигран вчеравечер беше јубилеен за голманот Марк-Андре тер Штеген. Германецот стигна до 400 настапи за каталонскиот клуб.

Од странците кои играле за Барселона, повеќе натпревари имаат само Лионел Меси (778) и Дани Алвеш (408).

Кај голманите само Виктор Валдез (553) и Андони Зубизарета (410) ја надминале границата од 400 натпревари.

Тер Штеген е дел од Барселона од 2014 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2024 23:30