Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска е во работна посета на општина Битола.

При посетата остварени се повеќе средби со земјоделци од с. Велушина и с. Кравари каде што се разговараа актуелните состојби и проблемите со кои се соочуваат изминатиов период.

-Во 2016 година во Македонија под пченица биле некаде околу 80 000 ха, а во 2022 година површините паѓаат на 70 000 ха, што значи 10 000 ха помалку. Во 2016 година како држава сме произвеле 306 000 тони пченица, а во 2022 година некаде околу 224 000 тони пченица, што значи дека и површината се намалува и произведената пченица. Ова се официјални податоци од извештаите на државниот завод за статистика и годишните извештаи на министерството, изјави Трипуновски.

Како главна причина за оваа состојба Трипуновски ја наведе ланската ситуација кога за потребните на стоковите резерви наместо да се откупи домашната пченица, државата увезе пченица по далеку повисоки цени, а македонската домашна пченица остана не откупена. Ова предизвикува револт и демотивација на македонските земјоделци и затоа се повеќе земјоделци го напуштаат полето и земјоделството како примарна дејност.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2024 23:38