Возачот на Ферари, Оливер Берман, ги искажаа своите импресии по деби во Формула 1 вчеравечер на патеката во Џеда, Саудиска Арабија.

Осумнаесетгодишниот Британец заврши на седмото место на трката. Берман го замени Шпанецот Карлос Сајнц, на кого му беше потребна операција на слепото црево.

-Дали се чувствував како да ми се оствари сонот? Да бидам искрен, не. Трката беше одлична, уживав во секој момент, но етапата беше прекратка. Иако мислам дека добро поминав. Бев добро подготвен, ова е показател за тоа како сериите за помали формули ги подготвуваат пилотите. Но, лудото е колку тешко можеш да нападнеш на трка, особено во последните 10 круга кога имаше силни ривали зад себе. Беше потребно да бидете многу внимателни со оглед на близината на ѕидовите на патеката. Одлично е да се добие шанса во Формула 1, но оваа година сум фокусиран на Формула 2. Сепак, се надевам дека имав добро интервју, изјави Берман за „Sky Sports“.

Следната трка, трета сезонава во шампионатот во Формула 1 ќе се одржи во Австралија од 22 до 24 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2024 19:27