Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен се осврна на неговата победа на трката од Формула 1 шампионатот возена вчеравечер за Големата награда на Саудиска Арабија.

- Генерално, тимот имаше одлична фаза. Се чувствував одлично возејќи го автомобилот. Последниот период на трката беше малку подолг отколку што би сакале, но со доаѓањето на безбедносното возило моравме да ја избереме оваа стратегија. Последните неколку круга со ладни гуми, но имавме добро темпо, имавме контрола над ситуацијата. Задоволен сум од трката, изјави Верстапен за „Sky Sports“.

Холанѓанецот победи на двете трки во сезоната 2024 и води во поредокот за возачи во Формула 1 со 51 бод.

Следната етапа во Формула 1 ќе се одржи од 22 до 24 март во Австралија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2024 00:12