Дваесеткратниот Грен слем победник Роџер Федерер кажа кои ги смета за главни фаворити за освојување на турнирот во Индијан Велс.
-За жал, Рафа одби да учествува, но мислам дека Новак е еден од главните фаворити. Изгледа дека Синер нема пораз од Австралија Опен. Мислам дека и Алкараз се врати во игра, и тој е бранител на титулата, така што мислам дека победникот ќе биде еден од овие тројца момци, изјави Федерер за „Tennis365“.
Турнирот започна на 6 март, а ќе заврши на 17.
Награден фонд на Индијан Велс е речиси девет милиони долари. На Мастерсот учествуваат вкупно 96 играчи.