Општина Илинден соопшти дека се асфалтирани улици во населените места Дељадровци и Текија со средства целосно обезбедени од општинскиот буџет.

-Со интензивно темпо се работи на подобрување на патна инфраструктура во сите населени места. Деновиве асфалт добија два крака на улица „1“ во населено место Дељадровци, во вкупна должина од околу 200 метри, како и две улици во населено место Текија, односно на улицата кај подрачното основно училиште и улица „1“ кои вкупно зафаќаат површина од околу 700 квадратни метри, соопшти Општина Илинден.

Оттаму информираат дека на овој начин граѓаните од овие две населени места ќе добијат подобрена патна инфраструктура и поквалитетен начин на живот.

-Асфалтирањето и тампонирањето на улиците се реализира во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта. Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со реализација на оваа програма и во останатите населени места, се наведува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2024 12:15