Жалам што координаторот на Советничката група на СДСМ во Советот на општина Гази Баба Александар Саша Димитриевиќ ја има добиено улогата неосновано да излегува во јавноста и да шири небулози помеѓу граѓаните.

Изминатите две и половина години градинките во општина Гази Баба се казнети од страна на власта на СДСМ и ДУИ, а за тоа говори фактот што во детската градинка 25 Мај во персоналот се итни и неопходни повеќе од 30 лица за кој Министерството за труд и социјална политика не даваше согласност за вработување и покрај испратени барање во повеќе наврати.

За скандалот да биде поголем говори и фактот што Министерството не дава согласности и за пензионирања кои се реализираат, што е нов феномен воведен од СДСМ.

Да го потсетам Алексадар Саша Димитриевиќ кој беше дел од кабинетот на поранешниот градоначалник на општината дека во тоа време недостатокот на кадар во градинките бил ангажиран и исплаќан со договори од буџетот на општина Гази Баба.

Што се однесува до функционирањето на ЈКП Гази Баба времето на злоупотреби во комуналното претпријатие е завршено. Денес за разлика од времето на владеењето на СДСМ нема повеќе лица кои секој месец земале плата, а не оделе на работа и за оваа злоупотреба веќе е отворена постапка од сооветна институција во Република Македонија.

Деструктивното однесување на СДСМ во општина Гази Баба ќе биде казнето на престојните избори.

Развојот на општина Гази Баба никој и ништо нема да го запре!

Со почит,

Бобан Стефковски,

Градоначалник на општина Гази Баба



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2024 15:55