Работна средба се одржа меѓу претставници од коалицијата „Сега“ што ја раководи Младинскиот Центар од Охрид и претставници на француските организации „Maison Pour Tous Leo Lagrange“ од Шербур и „Mussigue Ehperience“ од Дусе кои заеднички го реализираат проектот „For open minded youth workers“.

Гостите од Франција од 8 овој месец се во студиска посета на земјава, со цел да се истражи младинската работа, да се разменат искуства и да се осознаат начините на кои локалните власти ги поддржуваат младите.

На денешната средба претставниците на двете невладини организации од Франција беа запознаени со поддршката и начинот на кој младите во Охрид добиваат подршка од Општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2024 13:19