Транспаренси Интернешнл – Македонија во рамки на проектот „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија, објави конкурс за изработка на истражувачки стории од областа на антикорупцијата и владеење на правото.
На конкурсот може да учествуваат граѓански организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи да изразат интерес за подготовка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото. Со овие стории се цели кон отварање на теми кои ќе водат кон поддршка во борбата против корупцијата и во подобрување на политиките за антикорупција и владеење на правото преку анализи на состојбите и укажување на конкретните слабости.
Комплетните пријави треба да се достават на: job@transparency.mk најдоцна до 15 март 2024 година.
Детали за повикот може да се најдат на следниот линк: https://transparency.mk/2024/02/14/konkurs-za-izrabotka-na-istrazhuvachki-storii-od-oblasta-na-antikorupczi%d1%98ata-i-vladee%d1%9ae-na-pravoto/.