Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи увид на градежните работи за изградба на новата училишна сала во Булачани.

За посетата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Завршува првата фаза од изградбата на новата училишна сала во Булачани! Направивме увид на градежните работи на новата училишна сала во општинското основно училиште Наум Охридски во Булачани. Она што го констатиравме е дека завршува првата фаза од изградбата во која целосно е изградена карабината на салата. Дополнително во тек е изборот на економски оператор кој ќе ја реализира втората фаза со која комплетно ќе се заврши изградбата и ќе се набави потребната опрема. Силно верувам дека ќе успееме на почетокот на новата учебна година да ја пуштиме во употреба новата сала која се гради по 60 години од постоењето на училиштето. Ова е време на големи промени! За нашата општина! За нашиот народ! – напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2024 13:53