Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија (ПИФ) сака да навлезе во светскиот тенис, на сличен начин како што тоа го направи во фудбалот.

Според тврдењето на британскиот весник „Телеграф“, земјата подготвила понуда од 1 милијарда долари, на која мора да се одговори најдоцна за 90 дена, според која Саудиска Арабија ќе ги спонзорира сите турнири освен тие од Гренд слем во машка и женска конкуренција.

Идејата е да се создаде премиум турнеја за која зборува за време на турнирот во Индијан Велс. Директорот на АТП, Андреа Гауденци побара од директорите на „Мастерс“ турнирите да останат на состанокот, откако четворицата директори на Гренд слем турнирите го напуштија.

Покрај инвестирањето една милијарда долари, Саудиска Арабија сака да организира и „Мастерс“ турнир кој ќе се одржи во првата недела од годината. Гауденци го прифати предлогот, но против е извршниот директор на Тенис Австралија, Крег Тајли, кој веруваше дека тоа ќе влијае на статусот на Австралија Опен.

Во моментов има конфликт меѓу двајцата моќници во светскиот тенис, но со оглед на финансиската моќ на Саудијците, веројатно не е далеку денот кога ќе се „испеглаат“ сите разлики. Минатиот месец беше потпишан договор со ПИФ, според кој стана спонзор на АТП турнирите, а многумина ова го гледаат како само почеток на соработка и отворање на вратите за милијардерите од Блискиот Исток.

Арапите веќе организираа неколку егзибициски натпревари со големи парични награди, на кои настапуваа некои од најдобрите светски тенисери и легенди на овој спорт.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2024 14:49