Кампањата за подигнување на еколошката свест и одговорност кон животната средина која почна Општина Тетово ја почна на 1 март денеска продолжи со активности кои ги организираше ООУ „Наим Фрашери“.

Одделението за образование при Секторот за јавна дејност како и Општинскиот инспекторат – Одделение за комунални дејности и животна средина изработија летоци кои на граѓаните ги делат учениците од основните училишта.

- Еколошка акција во делот на освестување на граѓаните, во делот на зачувување на здрава животна средина, најдобар начин утврдивме дека е преку училиштата, преку децата, затоа што од мали треба да се учиме дека треба да се заштити животната средина, да не се фрли ѓубре секаде тука во местата каде што е утврдено за тоа. Цениме дека оваа едукативна акција ќе влијае и да ти после да работат со нивните родители и другите чинители во општеството да имаме поздрава и чиста средина, изјави Биљал Касами, градоначалник на Тетово.

На новинарските забелешки дека и покрај најавите нема некоја поголема ангажираност и градските улици се понатаму полно со прашина, кал и земја, Касами најави дека ќе се купува цистерна само за оваа намена.

- Во ситуацијата во која се наоѓаме противпожарната единица, прави миење на улиците по некоја програма, но исто така сме во фаза на нов камион-цистерна за чистење на улици и во договор со ЈКП има програма секој ден во текот на неделата да се исчистат улиците и еднаш барем неделно секоја улица во градот да биде измиена. Во тој дел се работи и се надеваме дека што побргу ќе добиеме тој камион и ќе имаме редовно миење на улиците. Сега работиме само интервентно со механизацијата која ја има кај пожарникарите, најави Касами.

Во кампањата за подигнување на еколошката свест и одговорност кон животната средина во претходните акции беа делени летоци само на албански јазик, а сега според Касами има и на македонски и најверојатно ќе се прават и на турски јазик.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2024 17:05