Советот на општина Гази Баба на денешната редовна седница ја усвои годишната сметка на буџетот на општина Гази Баба за 2023 година и извештаите за реализација на буџетот.

За седницата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

2023та Е УСПЕШНА ГОДИНА ЗА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

УСВОЕНА ЗАВРШНАТА СМЕТКА НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ЗА 2023та ГОДИНА

Почитувани граѓани на општина Гази Баба,

Денес на дневен ред на редовната седница на Советот на општина Гази Баба се разгледуваа годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на општина Гази Баба за 2023 година.

Со посебно задоволство сакам да истакнам дека зад нас оставаме успешна година, а за тоа говорат и бројките.

Приходите на буџетот за 2023 година бележат остварување во вкупен износ од 1.358.412.902 денари или 88,94% во однос на вкупните планирани приходи.

Комплетната реализација на буџетот во својата расходна страна изнесува 77,80%.

Ако направиме споредба со последните четири години, односно од 2018та до 2022 година, оваа година општината бележи најдобра реализација на буџетот.

Почитувани сограѓани,

Бројките сами по себе говорат за нашата работа.

Место за непродуктивни трошоци во моето работење како градоначалник нема. Во периодот од 2018 до 2021 година за репрезентација се потрошени 1.754.848 денари од буџетот на општината, а во 2022 и 2023 година се потрошени НУЛА денари.

Јас како градоначалник за разлика од сите пред мене, не се возам во служена кола и не користам средства од буџетот за нафта.

Така е и така ќе биде, се додека јас сум градоначалник на општина Гази Баба. – напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2024 18:56