Општина Штип почна со поставување на заштитни огради на мостовите и на локации кои се небезбедни за пешаците низ градот. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска од населбата Ново Село, каде се влива реката Отиња во реката Брегалница истакна дека средствата за поставување на заштитните огради се обезбедени од буџетот на Општина Штип во износ од речиси два милиони денари.

-Продолжуваме со активности за поставување на заштитна ограда на четири локации во нашиот град, се наоѓаме на вливот на река Отиња во река Брегалница. Овде се поставува нова заштитна ограда, издвоени се средства од буџетот на општина Штип во вредност од нешто помалку од два милиони денари, вели Јорданов.

Градоначалникот најави дека во наредниот период ќе се поставуваат огради на останати три локации во градот, кои се дел од планот на општината.

-Другата локација, каде што исто така ќе се поставува е на улица „Маршал Тито“, која што е веднаш спроти ЈП „Исар“, кое истото е на локација на течението на река Отиња, третата локација каде што ќе се поставува заштитна ограда е во населба Сењак и над административната зграда на Макеоднија пат исто така и таму ќе се поставува заштитна ограда која што е испланирана. Комплетно се заокружува целото корито на река Отиња од ЈП „Исар“ до вливот во река Брегалница, и на другите критични точки во нашиот град, изјави Јорданов.

Целта на овој проект е оградување на коритото на река Отиња започнувајќи од ЈП „Исар“ до вливот на река Брегалница и останатите критични точки, со што ќе се подигне безбедното движење на граѓаните во Општина Штип, покрај коритот на река Отиња и на други критични локации.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2024 00:48