Нови 250 садници ќе го разубавуваат коритото на река Отиња во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на ЈП „Исар“, Кирил Зајков на денешната прес-конференција истакнаа дека екипите од комуналното претпријатие изминатите денови започнаа со активностите за уредување и разубавување на централното градско подрачје со уредување на коритото на река Отиња. Претходно беше поставен подземен систем за наводнување, се работеше на проект за целосно осветлување на коритото на реката, а тенденција е да се овозможат премини под мостовите. Истовремено продолжуваат активностите за чистење на урабните заедници, настани кои ќе се спроведуваат секој викенд.
-Оваа пролет ќе продолжиме со работните активности за време на викенди за расчистување на урбаните заедници. И оваа година во секоја урбана заедница ќе се направат акции за чистење. Ги повикувам нашите граѓани да ни се приклучат. За уредување на река отиња е извршено целосно уредување, поставени се повеќе од 170 канделабри. Наша цел е да се овозмажат премини под мостовите, вели Јорданов.
Нови садници ќе бидат засадени и во населбите Осми Ноември и Баби. Директорот на ЈП „Исар“, Зајков истакна дека целта е градот и сите населени места да бидат уредени до пролетниот, односно летниот период.
-Во моментот во реката Отиња се засадуваат зимзелени дрва од врстата „уреа нана“, во паркот во Осми Ноември ќе се засадат листопадни дрва, вели Зајков.
Посочува дека инвестицијата се реализира во три фази. Едната фаза е за поставување на подземниот систем за наводнување кој чине околу 500 илјади денари, а за садниците се издвоени 250 илјади денари.