Во СВР Битола постигнати се одлични резултати, посебно во борбата против дрогата, против неовластено пуштање во промет на оружје, а на овој дел не е регистрирана миграција што е за пофалба, изјави Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик министер за внатрешни работи.
Во изјава за медиумите Бојмацалиев истакна дека МВР во сите Сектори за внатрешни работи ќе формира штабови за одржување демократски и слободни избори.
-Од раководството на СВР-Битола сум информиран дека безбедносната состојба на територијата на СВР-Битола е задоволителна. Исто така на територијата на СВР Битола е намален бројот на сообраќајни несреќи. Во текот на вчерашниот ден раководството на СВР Битола одржа состанок со директорот Сашо Тасевски и ќе формираат штабови со цел одржување фер, демократски и слободни избори, истакна Бојмацалиев.
На прес конференција во СВР Битола беше соопштено дека во Битола бројот на изменети лични карти и пасоши е идентична и се одвива без гужви.