Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook статус го повика министерот Љупчо Николовски на тв дуел кој би се одржал на било кој медиум по желба на министерот Николовски.
Го повикувам Љупчо Николовски кој постојано лаже и ги манипулира земјоделците, да собере храброст и да излезе на телевизиско соочување за цела јавност, а и земјоделците да видат и да ја дознаат вистината, кој работи за нив а кој против нив.
Наместо да бегаш еве ајде да излеземе на ТВ ДУЕЛ да го соочиме ставовите и аргументите. Собери храброст, одбери сам на кој медиум сакаш и кое време, таму ќе дојдам. - гласи facebook статусот на Трипуновски.