СВР Тетово најави дека во недела од 9 до 17 часот во градот ќе има изменет сообраќаен режим поради одбележување на Денот на НАТО и четири години полноправно членство на Република Северна Македонија. На градскиот плоштад во Тетово ќе биде организиран настан во организација на Министерството за одбрана.
-По повод 17 март Денот на НАТО и четири години полноправно членство на Република Северна Македонија во оваа организација, на Градскиот плоштад во Тетово ќе биде организиран, односно ќе се одржи техничко-тактички збор, чиј носител е Министерството за одбрана.Со цел непречено и безбедно да се одвива техничко-тактичкиот збор и сообраќајот во централното тетовско подрачје, СВР Тетово од 9 до 17 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим. Одвивањето на сообраќајот на овие улици ќе го регулираат полициски службеници и до возачите се апелира целосно да ги почитуваат нивните наредби и насоки и да имаат трпение и разбирање за измените на сообраќајниот режим, информираат од СВР Тетово.
Во овој период ќе биде дозволено движење на возилата по улица „Илинденска“ до кружниот тек со улица „Маршал Тито“, по улицата „Тодор Циповски-Мерџан“ до крстосницата со улицата „Страшо Пинџур“, по улицата „Страшо Пинџур“ до крстосницата со улицата „Никола Тесла“ и по улицата „Маршал Тито“ до крстосницата со улицата „Јане Сандански“.