Ловното друштво „М. Каменица Саса" објави повик до членовите ловци за учество на редовна хајка на дивеч. За сите кои сакаат да учествуваат во хајката задолжителна е дозвола за лов која ќе биде издадена на секој еден на зборното место.

-На ден 17.03.2024 година (недела) Ловното друштво „М.Каменица Саса“ организира редовна хајка на дивеч без заштита која на ваше барање ќе се одржи на м.в. „Паламарето“. Зборно место кај „Ѓако“ пред продавницата на паркингoт во 06.30 ч. Ловење на полезен дивеч, како и ловење на друга локација на ловиштето е строго забрането, се вели во повикот до каменичките ловџии.

Сите заинтересирани кои ќе учествуваат во хајката потребно е да се придржуваат до правилата за лов.

-Ги замолуваме секој кој сака да учествува да се пријави кај ловочуварот Игор Jангеловски. Задолжителна е дозвола за лов која ќе биде издадена на секој еден на зборното место. Учесниците строго да се придржуваат на правилата за безбеден лов (носење на флуоресцентен елек, пукање само на чиста мета, проверка на исправноста на оружјето и негово безбедно носење и сл.), додадоа од ЛД „М.Каменица - Саса“.

По завршувањето на хајката предвидена е дружба на манастирот во Јазова чука каде ќе биде послужено традиционално гравче.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2024 16:35