Без струја утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров и Центар, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

- Добиено е известување од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија од девет до 12 часот, ќе останат корисниците од дел од улицата „Козара“, општина Центар. Од девет до 15:00 часот пак, корисниците од дел од улицата „Воин Драшковиќ“, општина Ѓорче Петров, се наведува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2024 17:15