Се поголем број македонски државјани ги користат услугите на меѓународниот аеродром во Тирана, од каде моментно може да се патува на повеќе од 100 дестинации. Тоа го потврдува и бројката од над 10 илјади македонски државјани кои пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации.

-Патувам за Абу Даби, во посета на мои блиски. Летот е директен исто како и за Дубаи, каде сум патувала претходно. Од Скопје не е така, вели дебранка, која не го крие задоволството и од услугата на вработените.

Официјалноте податоци покажуваат дека овој аеродром се повеќе го користат и граѓани од Црна Гора и Косово. Во прите два месеца, регистрирани се 42 илјади косовски и 20 илјади црногорски државјани.

-Под раководство на „Кастрати Груп“, единствениот акционер на Меѓународниот аеродром во Тирана и во соработка со Управата за цивилно воздухопловство, интензивно се работи за да се одговори на растечките барања на патниците и во исто време постојано да се зголемува опсегот на дестинации, информираат аеродромските власти.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2024 05:21